Достапни линкови

Турција продолжува со воздушните напади


Турски воени авиони денеска извршиле напади врз курдски герилски цели во Ирак јавува новинска агенција Ројтерс. Турските медиуми јавуваат дека во југоисточна Турција курдските милитанти убиле 4-ца војници при одвоени напади викендов. Вчера иранската новинска агенција ИРНА јави дека револуционерната гарда на Иран убила или повредила над 30 курдски бунтовници членови на партијата за „Слободен живот во Курдистан“ на планинската граница со Ирак.
Воздушните напади на Турција врз курдската област во Ирак ги зголемија тензиите меѓу двете земји. Според податоците на турската војска околу 150 курдски милитанти загинале при воздушните напади.
XS
SM
MD
LG