Достапни линкови

Македонија влезе во 12 најдобри


Лестер Бо Мекејлеб

Лестер Бо Мекејлеб

Македонската кошаркарска репрезентација со 72:70 ја победи Финска во четвртото коло на Европското првенство во Литванија. Со третата победа во групата, македонските кошаркари речиси извесно обезбедија пласман во наредната рунда.

Најефикасен во македонската репрезентација беше натурализираниот Македонец, Лестер Бо Мекејлеб со 18 поени. Американецот имаше голема помош од Перо Антиќ, кој го заврши натпреварот со 19 скокови.

Натпреварот се одигра во Алитус во рамките на 4-тото коло од Европското првенство во Литванија. Ова е трета победа на Македонија по вчерашната во натпреварот со Грција и претходно со Хрватска. Македонските кошаркари загубија во првиот натпревар од Црна Гора. Последниот натпревар од „балканската“ група Ц, Македонија го игра утре во 21ч. против Босна и Херцеговина.

Најдобрите три репрезентации од секоја од четирите групи ќе формираат нови две групи од по шест репрезентации. Потоа првите две селекции од двете групи ќе играат во полуфинале.
XS
SM
MD
LG