Достапни линкови

logo-print

Арапската Лига ќе испрати претставник во Сирија


Генералниот секретар на Арапската Лига Набил ал Араби денеска во Каиро изјави дека можеби ќе ја посети Сирија оваа недела поради загриженоста на арапскиот свет за насилството во земјата. Тој додаде дека ќе разговара со сириските власти. Арапските министри за надворешни работи минатата недела побараат од Дамаск да стави крај на крвопролевањата, пред да биде доцна и да спроведат реформи.
Според Обединетите Нации во Сирија до сега загинале над 2200 луѓе во неколкумесечните протести против режимот а сирискиот претседател Башар Ал Асад.
XS
SM
MD
LG