Достапни линкови

Маж признал дека си ја убил ќерка си во име на „чест“


Судот во Јордан соопшти дека мажот што неодамна си ја убил 24 годишна ќерка во болница веднаш откако родила близнаци го призна делото. Тој пред судот изјавил дека ја убил ќерка си затоа што донела „срам “ во семејството со раѓањето на децата затоа што таа 4 години била вдовица. Казна за убиство, според законите во Јордан е смрттна пресуда освен кога станува збор за таканареченото „убиство поради чест“ кога сдиите имаат право да ја намалат казната. Во просек во Јордан околу 20 жени годишно се убивани во име на „чест“ од страна на член од нивното семејство.
XS
SM
MD
LG