Достапни линкови

Иранската нуклеарна централа наскоро ќе почне со работа


Иранската новинска агенција ИСНА соопшти дека иранската нуклеарна централа за прв пат почна да додава електрична енергија во националната мрежа во земјата. Потпаролот на иранската агенција за нуклеарна енергија Хамид Кадем Ќаеми изјави дека официјалниот старт на централата е планиран на 12 септември. Проектот до сега помина низ неколку одложувања, првично изградбата на централата започна во 70-тите години пред исламската револуција, спонзорирана од германската „Сименс“. Подоцна проектот го преземаа руски инженери но следуваа низа препреки. Иран сега е под меѓународни санкции поради стравувањата дека Техеран работи тајно на создавање на нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG