Достапни линкови

logo-print

Куба се уште го поддржува Гадафи


Триполи, 8 март 1977 година, Моамер Гадафи од десно и Фидел Кастро

Триполи, 8 март 1977 година, Моамер Гадафи од десно и Фидел Кастро

Куба денеска соопшти дека ќе го повлече својот амбасадор од Триполи и повтори дека не го признава Националниот преоден совет за легитимен претставник на либискиот народ. Во соопштението од кубанското министертво за надворешни работи е критикувана воената интервенција на НАТО и дека при неа како што се вели во соопштението, загинале неколку илјади цивили. Хавана предупредува дека НАТО може да преземе слични мерки и во Сирија. Куба е долгогодишен сојузник на Либија , а поранешниот кубански претседател Фидел Кастро остро го критикуваше почетокот на востанието против либискиот лидер Моамер Гадафи.
XS
SM
MD
LG