Достапни линкови

Доматите врз автомобилот на Тахири однесoa 35 луѓе во притвор


 Вицепремиерката Едита Тахири

Вицепремиерката Едита Тахири

Косовската полиција уапси 35 активисти на движењето „Самоопределување“ бидејќи со домати фрлале по возилото на шефот на преговарачкиот тим на Приштина, Едита Тахири по нејзиното враќање од Брисел. Меѓу уапсените се и две пратенички на ова движење во косовскиот Парламент, Аљбана Фетоши и Аљбуљена Хаџиу. Активистите го блокирале патот кој води од аеродромот до Приштина каде го пречекале нејзниниот автомобил и фрлајќи со со скапани домати, „симболично го прикажале резултатот од договорот во Брисел“. Косовската влада денеска остро го осуди настанот. Во соопштението е енаведено дека станува збор за вандалски чин и манифестирање на хулиганство поради политичка корист. „Самоопределување“, пак, соопшти дека нивни активисти се „брутално уапсени“.
XS
SM
MD
LG