Достапни линкови

logo-print

Ахмадинеџад во посета на Таџикистан


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска ќе пристиге во дводневна посета на Таџикистан на покана од неговиот колега Емомали Рахмон. Иранскиот амбасадор во Таџикистан соопшти дека Ахмадинеџад ќе биде придружуван од министрите за здравство, надворешни работи и енергетски сектор. Тие ќе присуствуват на стартувањето на иранскиот проект - хидроелектричната централа. Се очекува Таџикистан да ги преземе сопственичките права и приходите од фабриката за десетина години. На средбите двајцата претседатели ќе разговараат за неколку економски проекти.
XS
SM
MD
LG