Достапни линкови

Масовни протести во Израел


Стотици илјади Израелци вчера протестирaa од економски причини односно поради се поскапиот живот во Израел. Демонстрантите бараа да се намалат цените и трошоците околу домувањето, образованието, здравството како и подобра и фер поделба на националното богатство. Ова беше еден од најмасовните протести до сега во историјата на Израел. Масовни протести се оддржаа во неколку градови во земјата меѓу кои Тел Авив, Ерусалил, Халфа и др. Новинските агенции јавуваат дека само во Тел Авив имало над 300 илјади демонстранти. Порано основна причина за масовни протести во Израел беше состојбата со мировниот процес за Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG