Достапни линкови

logo-print

Македонија убедливо ја победи Грција


Лестер Бо Мекејлеб

Лестер Бо Мекејлеб

Македонија ја совлада Грција во третото коло на ЕП во Литванија со 72:58. Со одлична игра во одбраната македонските кошаркари стигнаа до втората победа од три средби на европскиот шампионат. Најефикасен во редовите на Македонија беше Бо Мекејлеб кој постигна 27 поени. Одлично одиграа и нашите центри, Антиќ кој постигна 12 поени и Чековски и Гечевски кои уфрлија по 11 поени. Кај Грција, Фотсис беше најефикасен со 16 постигнати поени. Утре во 14:30 Македонија го игра четвртиот натпревар на ЕП против Финска, која денеска направи изненадување со убедливата победа над БиХ со 92:64.
XS
SM
MD
LG