Достапни линкови

Најмалку 19 луѓе загинале за два дена во Сирија


Сирските безбедносни сили во потрага по дезертери од режимот на претседателот Башар Ал Асад убиле уште две лица , по што бројот на загинати во изминативе два дена изнесува најмалку 19 луѓе, тврдат активистите за човекови права. Вчера полицијата отворила оган врз илјадници демонстранти во едно од преградијата на Дамаск при што загинале најмалку 17 луѓе. Европската унија по оваа вест воведе нови санкции против Сирија со кои во целост се забранува увоз на нафта од Сирија. Дамаск продава нафта во Франција, Германија, Холандија и Италија и овие санкции Сирија ќе ја чинат многу.
XS
SM
MD
LG