Достапни линкови

logo-print

ЦИА во блиска соработка со либиската разузнувачка служба


Пронајдени се документи, кој ги покажуваат врските меѓу либиските разузнавачки служби и нивните колеги од американските и британските служби во последниве години, јавуваат новинските агенции. Во документот што го добиле медиумите од меѓународната оргнизација Хјуман рајст воч е заведена преписка меѓу шефовите на разузнавачките служби на ЦИА и МИ6. Шефот на либиската разузнавачка служба Муса Куса го напуштил режимот на Моамер Гадафи и се приклучил кон востанието против режимот. Активистите за човекови права го обвинуваат Куса дека е вмешан во злосторствата. Документите се пронајдени во зградата на агенцијата за безбедност во Триполи. Новинската агенција Асошиетед прес јавува дека потпаролката на ЦИА Џенифер Јангбанд одбила да ги коментира наводите во медиумите за документите но изјавила дека не треба да биде изненадување соработката на ЦИА со странските влади за заштита од тероризам и други безбедносни закани.
XS
SM
MD
LG