Достапни линкови

Попоски се сретнал со Ламбринидис во Полска


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска по завршувањето на состанокот на министри во Полска изјави дека имал неформален разговор со грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Ламбринидис за што не соопшти повеќе детали.Попоски додаде дека имал, како што вели, корисни разговари и со министрите на Шпанија, Португалија, Чешка, Австрија, Италија и Романија. Toj со нив разговарал за прашањата кои се битни за регионот како и за конкретното пристапување на Македонија кон ЕУ. Денеска во Полска се одржа неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки во ЕУ и кандидатите за членство за ЕУ. Главните теми на состанокот беа Украина, Белорусија и Сирија. На новинарско прашање кој е ставот на Македонија во однос на глобалните прашања, како што е ситуацијата во Сирија и барањето за признавање на палестинската држава, Поповски изјави дека Македонија ги следи тековите.
XS
SM
MD
LG