Достапни линкови

Фондот за пензиско си наплати милијарда денари


Министерот за труд и социјална политика

Министерот за труд и социјална политика

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со конкретни акции изврши наплата на околу 1 милијарда денари заостанати придонесе од 2010 и 2011 та година чија вредност изнесувала 1,6 милијарди денари. Ова денеска го изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски. Тој додаде дека со овие акции значително ќе се подобри финансиската состојба на фондот и како и ставање ред во насока на исполнување на законските обврски на секој субјект кој има обврска да плаќа придонеси по основ на пензиско и инвалидско осигурување. Ристовски изјави дека преку размената на податоци со МВР и УЈП во првата половина од 2011 година навремено се спречени незаконски исплати на повеќе од 30 милиони денари на пензионери кои веќе починале.
XS
SM
MD
LG