Достапни линкови

Дачиќ очекува во дијалогот Белград и Приштина да се зборува и за граница


Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека во продолжението на преговорите меѓу Белград и Приштина најверојатно ќе се бара административната линија меѓу Косово и централна Србија да се претвори во гранична линија. Дачиќ смета дека Србија не смее да го дозволи тоа.
Тој коментирајќи го вчерашниот договор за царинскиот печат изјави дека со тоа е решен само еден дел од проблемите и дека остануваат уште многу отворени прашања.
Тој додаде дека во интерес на земјата е да стане дел од ЕУ но при тоа да не се загрозат државните и националните интереси.
XS
SM
MD
LG