Достапни линкови

Бугарија ги истера либиските дипломати


Либиската амбасада во Софија

Либиската амбасада во Софија

Бугарски специјалци ги истерале дипломатите во либиската Амбасада во Софија oд режимот на Моамер Гадафи. Toa од нив го побарал претставникот на Националниот преоден совет Иса Омар Ашур, кој недамна допатува во Бугарија. За време на упадот во амбасадата, семејствата на либиските дипломати одбивале да ја напуштат мисијата, па прво биле приведени во полициска станица, а потоа преместени во Центар за привремено сместување бегалци. Од либиската амбасада се истерани и сопругата и децата на либискиот конзул Ибрахим Ал Фурус кој пред еден месец заедно со неколку службеници пред мисијата истакна знаме на бунтовниците, а потоа се затвори во неа и побара статус на политички бегалец. Бугарските власти во крајот на јули го прогласија Фурус за персона нон-грата.
XS
SM
MD
LG