Достапни линкови

Без контрола на прислушувањата


Власта прави опструкција на Комисијата за следење на комуникациите за да избегне контрола на евентуалните незаконски прислушувања и следења, обвинува претседателот на Комисијата, Тито Петковски.

Комисија за следење на комуникациите нема да може да си ја врши својата работа, бидејќи институциите на кои треба да врши надзор, Министерството за внатрешни работи и одбрана, а особено тајната полиција не сакаат да бидат контролирани, вели нејзиниот претседател пратеникот Тито Петковски. Според него власта таа пракса ја покажува во последниве пет години.
Прават комплетна опструкција во работата на Комисијата, до крај ја прават неефикасна и непотребна.

„Прават комплетна опструкција во работата на Комисијата, до крај ја прават неефикасна и непотребна, значи единствениот инструмент што им стои на располагање и на граѓаните и на парламентот е таа парламентарна контрола, ако таа се оневозможи значи полицијата може безконечно да ја злоупотребува функцијата, да прислушува, да следи, да снима итн, едноставно да ги контролира луѓето.“
Љубе Бошкоски

Пратеникот на ДУИ и член на комисијата Талат Џафери вели дека практичното извршување на обврските на ова работно тело зависат од многу фактори.

„Персонални, материјални, професионални и низа фактори кои што ќе влијаат на квалитетот на работата на комисијата. Во тој контекст сметам дека сите предуслови се исполенети за да може да почне со работа комисијата.“

Петковски се сомнева дека и во овој мандат на комисијата случајот ќе биде ист, бидејќи при договорот за нејзиниот состав, парламентарното мнозинство свесно кандидира пратеници кои цела година наназад неможат да добијат безбедносни сертификати, иако формуларите се пополнети.

„Ама не кажуваат од кои причини неможат да добијат и мислам дека исто така е направено и во овој состав со двајца пратеници. Доколку власта посака да направи опструкција во работа на комисијата, тоа едноставно го прави, ќе им каже на пратениците да не одат на седници и оние нивни заменици кои имаат сертификати и работата е готова.“
Ангажманот на оваа комисија не е од доменот на политичката борба власт опозијата, туку таа е работи во сферата на заштита на граѓаните од можните условно кажано злоупотреби на законските можности на институциите

Според Џафери првата седница покажала дека членовите на Комисијата се заинтересирани таа да профункционира и оти ќе нема потреба од страна на власта и опозицијата нивната работа да биде опструирана.

„Бидејќи природата на ангажманот на оваа комисија не е од доменот на политичката борба власт опозијата, туку таа е работи во сферата на заштита на граѓаните од можните условно кажано злоупотреби на законските можности на институциите по однос на превенирање на подготовка, извршувања, учествување во такви дела.“

На првата седница која се одржа во петокот Петковски рече дека ќе го покрене прашањето околу следењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. При неговото апсење МВР јавно кажаа дека го следеле Бошковски повеќе од два месеци и дошле до информации дека добил пари од заштитен сведок.

„Значи ќе побараме од МВР да не информира подетално кога се преземени последните истражни мерки, а портапаролот говореше за период од неколку месеци.“

Комисијата има обврска да поднесува годишен извештај до Собранието на Република Македонија во рок од два месеца по завршувањето на тековната година.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG