Достапни линкови

Значаен договор Белград - Приштина за царинските печати


Belgium -- Serbian chief negotiator Borko Stefanovic (R) and and Edita Tahiri, deputy prime minister of Kosovo and chief negotiator for the talks with Serbia, in Brussels, 02Sep2011

Belgium -- Serbian chief negotiator Borko Stefanovic (R) and and Edita Tahiri, deputy prime minister of Kosovo and chief negotiator for the talks with Serbia, in Brussels, 02Sep2011

Договорот за царинските печати и катастрите постигнат во Брисел, во шестата рунда од преговорите меѓу Белград и Приштина е од голeма важност особено за обичните граѓани, изјави посредникот на ЕУ во преговорите Роберт Купер.
Во изјава на сајтот на Европската Комисија, Купер потсетува дека во изминатите три години српските власти не ги признавале печатите на косовската царина.
- Договорот ќе овозможи трговија во регионот и ќе направи регионот да биде се повеќе европски, наведува Купер.
Според него, таа работа се уште не е завршена и следуваат прашања за решавање како што се телекомуникации и енергетика.
По вчерашните разговори на шефовите на преговарачките тимови во Брисел, ЕУ соопшти дека постигнатиот договор е „значаен чекор во подобрување на односите во регионот и овозможува слобода на движење на стоки во согласност со европските вредности“.
XS
SM
MD
LG