Достапни линкови

Собраниската расправа за медиумите продолжува во понеделник


Macedonia - Macedonian Parliament - 01Feb2011

Macedonia - Macedonian Parliament - 01Feb2011

Расправата за состојбата со медиумите, што на предлог на опозицијата започна вчера во Собранието на Република Македонија, ќе продолжи в понеделник откако доцна синоќа беше прекината.
Во текот на расправата, опозицијата обвини за медиумски мрак, уништување на професионалното новинарство и затворање на медиумски куќи критички настроени. Тие забележаа дека двојно е опаднат и рејтингот на Македонија на листата на „Репортери без граници“.
Пратениците од парламентарното мнозинство оценија дека медиумите во Република Македонија се слободни и имаат автономна уредувачка политика.
XS
SM
MD
LG