Достапни линкови

Арифи: писмото до Пангалос, покана за средба


,,Давањето поттик на соработката меѓу граѓаните од двете земји и искористувањето на ИПА фондовите е целта на писмото што го испратив до грчкиот заменик премиер Теодорос Пангалос,, изјави денеска македонската вицепремиерка за европски прашања Теута Арифи. Според неа, во писмото имало идеи за соработка и покана до грчкиот заменик премиер за средба на место и во време кое му одговара. Арифи информира дека на нејзината агенда за идната недела има средби во Скопје со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, но и во Тирана и Белград со нејзиниот албански и српски колега, како и со албанскиот премиер Сали Бериша. Арифи очекува земјава да добие позитивен извештај од Европската комисија, особено во политичкиот дел заради успешно спроведените избори. На 14 септември во соработка со ЗНМ ќе биде организира тркалезна маса на која, како што вели Арифи, треба институциите и медиумите да седнат на иста маса и да си кажат што очекуваат едни од други.
XS
SM
MD
LG