Достапни линкови

Тадиќ: што побргу решавање на црковниот проблем


Претседателите на Македонија и на Србија Ѓорге Иванов и Борис Тадиќ на самитот на ЈИЕ кај Костолац. 02.09.2011.

Претседателите на Македонија и на Србија Ѓорге Иванов и Борис Тадиќ на самитот на ЈИЕ кај Костолац. 02.09.2011.

Претседателот на Србија Борис Тадиќ на прес конференцијата по завршувањето на Деветтиот Самит на ЈИЕ кај Костолац изјави дека сака што побргу да се реши црковниот проблем меѓу Македонија и Србија.
,,Македонија нема никаков проблем со државата Србија или со српскиот народ, туку постои институционален проблем во рамки на Црквата. Како претседател на секуларна држава немам право да се мешам во црковни односи, но од друга страна имам обврска да покренувам иницијативи за тие да се решаваат, доколку претставуваат коска в грло или проблем во односите на двата народа,, истакна Тадиќ, одговорајќи на новинарско прашање.
XS
SM
MD
LG