Достапни линкови

Четири медиумски куќи го осудија Викиликс


Четири светски водечки медиумски куќи: Њујорк Тајмс, Гардијан, Ел Паис и Дер Шпигел денеска го осудија Викиликс за објавување на 250 илјади нецензурирани документи. Овие куќи досега соработуваа со Викиликс, односно објавуваа едитарни тајни документи и преписки на американската дипломатија. Оригиналните документи, според нивната оценка, претставуваат закана за безбедноста.
XS
SM
MD
LG