Достапни линкови

САД без нови работни места во август


Официјалните податоци, објавени денеска покажуваат дека во Соединетите држави во август не биле отворени нови работни места. Тоа е за прв пат по десет месеци да не биде забележан раст на вработувањата. Стапката на невработеност во земјата остана непроменета односно 9,1 насто. Податоците за ваквиот негативен тренд доаѓаат на неколку денови пред најавениот говор на претседателот Барак Обама пред двата дома на американскиот Конгрес во врска со неговите планови за зголемување на вработеноста во Соединетите држави.
XS
SM
MD
LG