Достапни линкови

Интеркултурен дијалог за европска иднина на ЈИЕ


Од самитот на ЈИЕ во Виминациум, Србија

Од самитот на ЈИЕ во Виминациум, Србија

На деветтиот самит под називот ,,Современата уметност и помирувањето во Југоисточна Европа,, што денеска се одржа во археолошкиот локалитет Виминациум кај Костолац, Србија беше увоена Декларација. Во неа, меѓу другото, е посочена заложбата за мирна и просперитетна европска иднина на целиот регион преку помирување и интеркултурен дијалог. На самитот на кој учествуваа претседателите од Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија, Ѓорге Иванов потсети дека ваквите состаноци ги иницирал покојниот претседател Борис Трајковски во 2003 година. Затоа лидерите ја прифатија желбата на Македонија таа да бида домаќин на самитот во 2013 година кога ќе се одбележат 10 години од иницијативата. Догодина самитот ќе се одржи во Мостар.
XS
SM
MD
LG