Достапни линкови

logo-print

Турција ги заладува дипломатските односи со Израел


Ахмет Давутоглу, Анкара 02.09.2011

Ахмет Давутоглу, Анкара 02.09.2011

Турција соопшти дека ги заладува дипломатските односи со Израел бидејки израелците одбиле да се извинат за ланскиот инцидент со флотилата која патуваше за Газа, кога загинаа 9-мина турци. Турскиот шеф на дипломатијата, Ахмет Давутоглу, изјави дека Анкара го протерала израелскиот амбасадор од земјата, а ги замрзнала и воените договори со Израел. До ваквите турски потези доаѓа откако истрагата на Обединетите Нации заклучила дека израелскиот напад врз турската флотила бил легален, но оти израелските сили употребиле прекумерна сила.
XS
SM
MD
LG