Достапни линкови

logo-print

Ослободени 4-ца опозиционери во Белорусија


4-ца белоруски активисти, уапсени по ланските претседателски избори, денеска биле пуштени од затвор откако добиле помилување од претседателот Александар Лукашенко. Портпарол на претседателот изјави дека тие ја признале вината за учество во демонстрациите, но еден од нив, за Радио Слободна Европа изјави дека тој не потпишал никаков документ за признавање на вината. Претставници на Европската Унија соопштија дека ќе ја третираат Белорусија како сериозен партнер само доколку безусловно ги ослободи сите политички затвореници.
XS
SM
MD
LG