Достапни линкови

Судството, медиумите и меѓуетничките односи, се областите за кои домашните експерти очекуваат најмногу критики во есенскиот извештај на Европската Комисија.

Судството, состојбата во медиумите, меѓуетничките односи. Овие се областите за кои домашните експерти очекуваат најголеми забелешки во октомврискиот извештај за нашата земја изготвен од Европската Комисија. Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи уверува дека евроинтеграциите остануваат приоритет за земјава, но сепак признава дека има уште многу работа до постигнувањето на посакуваната цел.
Треба да поработиме на реформите во целина, и не треба да го занемариме и фактот дека судството и целиот тој процес е под лупа на ЕУ и тука исто така треба да се поработи

„Треба да поработиме на реформите во целина, повеќе во однос на реформите и ефикасноста на јавната администрација, не треба да го занемариме и фактот дека судството и целиот тој процес е под лупа на ЕУ и тука исто така треба да се поработи.“

вели Арифи, која ќе биде гостин во неделното интервју на радио Слободна Европа.
x


Таа додава дека владата успеала да одговори на новата листа критериуми која ни ја достави директорот на директоратот за проширување Стефано Санино. Во понеделник е рокот до кога треба да се достави акциониот план, а токму за тогаш е најавена посетата на еврокомесарот за проширување, Штефан Филе во Скопје. Тој ќе учествува на конференцијата по повод десетгодишнината од Рамковниот договор и лично ќе се увери за текот на реформите.
Домашните експерти пак не очекуваат позитивен извештај. Како и досегашните, така и годинешниот извештај ќе биде избалансиран, вели универзитетскиот професор Никола Дујовски.

„Забелешките повторно ќе се однесуваат на правосудството и фундаменталните права, исполнувањето на политичките критериуми еве гледаме повторно се врзува со загриженоста во поглед на непотребното мешање на политиката во работата на медиумите, новиот закон за радиодифузија... Меѓутоа реално е дека во добар дел од поглавјата Македонија напредува.“

Забелешките повторно ќе се однесуваат на правосудството и фундаменталните права, исполнувањето на политичките критериуми
Позитивни забелешки ќе има за добро спроведените избори, вели професорот Илбер Сеља. Според него главна пречка за нашите евроинтеграции и понатаму останува нерешениот спор за името.

„Слабости повторно ќе има во судството, медиумите, во јавната администрација итн, но повторно името со Грција останува како главна пречка.“

Експертите предупредуваат сериозно да се третира и проблемот со лажните баратели на азил во европските земји. Иако во моментот нема опасност од укинување на визната либерализација, земјава мора да има силни механизми на контрола на ваквата појава, предупредуваат експертите, според кои еднаш донесената одлука од страна на Европската Комисија не значи и нејзино трајно спроведување.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG