Достапни линкови

Тужба за десетина големи банки во САД


Весникот ,,Њујорк тајмс,, пишува дека американската Федерална агенција за станбено финансирање се подготвува да тужи десетина големи банки, обвинувајќи ги дека погрешно го претставувале квалитетот на хипотеките што ги продале пред распадот на пазарот со недвижности. Според најавите, меѓу обвинети ќе бидат: Бенк оф Америка, Џи Пи Морган, Голдман Сакс и Дојче банк. Во извештајот се додава дека од нив ќе бидат побарани милијарди долари за оштета што треба да им биде исплатена на американските хипотекаски компании Фани Меј и Фреди Мек кои од банките откупиле такви хипотекарни хартии од вредност.
XS
SM
MD
LG