Достапни линкови

Ракетен одбранбен радар на НАТО во Турција


Турција соопшти дека постигнала договор на нејзина територија да биде разместен радар како дел од системот за ракетна одбрана на НАТО. Турското министерство за надворешни работи прецизира дека турскиот придонес ќе го зацврсти одбранбениот капацитет на НАТО, како и националниот одбранбен систем на Турција. Во соопштението не се наведува кога или каде радарот би бил стациониран.
XS
SM
MD
LG