Достапни линкови

Двете страни виновни за инцидентот со помошта за Газа


Истрагата на Обединетите нации покажа дека израелскиот напад врз флотилата бродови со турска помош за палестинците во Газа бил законски, но оти притоа израелските сили употребиле прекумерно насилство. Осуммина турци и еден американец со турско потекло загинаа во инцидентот што се случи во мај минатата година во меѓународните води на Медитеранот. Во извештајот се додава дека луѓето од флотилата дејствувале непромислено со тоа што насилно се обиделе да ја минат израелската поморска блокада на Појасот Газа. Инцидентот ги наруши односите меѓу Израел и Турција.
XS
SM
MD
LG