Достапни линкови

Продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина


Преговарачите на Србија и на Косово Борислав Стефановиќ и Едита Тахири

Преговарачите на Србија и на Косово Борислав Стефановиќ и Едита Тахири

Дијалогот меѓу Белград и Приштина што под покровителство на Европската унија почна во март во Брисел, денеска ќе биде продолжен. Станува збор за шестата рунда разговори на која теми ќе бидат, царинските печати, телекомуникациите, враќањето на катастарската документација и регионалната соработка. Разговорите првобитно беа закажани за јули, но беа одложени по барање на посредникот Роберт Купер. Србија го блокира извозот на кососвски производи, одбивајќи да ги признае царинските печати на Косово. Еден косовски полицаец загина откако Приштина се обиде да ја преземе контролата врз два гранична примина на северот на Косово.
XS
SM
MD
LG