Достапни линкови

Клинтон побара нови санкции против Сирија


Хилари Клинтон во Париз

Хилари Клинтон во Париз

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги повика лидерите на европските и на други земји да подржат дополнителни санкции против власта во Сирија со цел да се зголеми протисокот врз претседателот Башар Ал Асад, од кого се бара да замине од власт. Говорејки во Париз на маргините на состанок за Либија, Клинтон побара санкции кои би се целеле на извозот на нафта и природен гас од Сирија, со цел да се намалат приходите на сиријскиот режим, кои според американскиот државен секретар се користат за финансирање на насилствата против анти-владините демонстранти.
XS
SM
MD
LG