Достапни линкови

Лукашенко амнестирал четворица приврзаници на опозицијата


Александар Лукашенко

Александар Лукашенко

Канцеларијата на белорускиот претседател Александар Лукашенко соопшти дека шефот на државата амнестирал четворица опозициски активисти кои беа осудени на казна затвор поради учество во декемвриските протести против реизборот на Лукашенко. Портпарол на претседателот изјави дека четворицата амнестирани изразиле жалење за своите постапки и „ја осознале вината и незаконската природа на нивните постапки”. Објавата од белоруските власти следи по соопштението од Бугарија во кое се вели дека Лукашенко е подготвен да ги ослободи сите политички затвореници, што е дел од напорите за подобрување на белоруските врски со Европската унија.
XS
SM
MD
LG