Достапни линкови

Средба на лидерите на Авганистан, Пакистан, Русија и Таџикистан


Претседателите на Авганистан, Пакистан Русија и Таџикистан денеска ќе се сретнат во главниот град на Таџикистан Душанбе. Разговорите меѓу четворицата лидери би требало да се фокусираат на економски и теми за регионална безбедност. Прес службата на рускиот претседател соопшти дека разговорите ќе се фокусираат на борбата против тероризмот, трговијата со дрога како и економското опоравување на Авганистан. Таџикистанската прес служба, пак, соопшти дека ќе се разговара и за странските инвестиции во регионални проекти.
XS
SM
MD
LG