Достапни линкови

logo-print

Клаус: Грците се „мрзливи пијачи на узо“


Чешкиот претседател Вацлав Клаус го налути грчкиот премиер Јоргос Папандреу нарекувајќи ги Грците „мрзливи пијачи на узо“, јавува дописникот на МИА од Прага. Папандреу за чешките медиуми изјавил дека со голема тага го слушал Клаус, кој, како што вели, од анти-Европеец сега ќе го искажува своето популистичко европејство со тоа што ќе ги навредува Грците, тврдејќи дека Грците пиjат узо и уживаaт додека тие се оние кои многу работат. Клаус, од друга страна, во интервју за дневен весник изјави дека не ги обвинува Грците, затоа што секој сам одлучува дали ќе заработува повеќе или ќе седи во сенка со узо. Клаус додава дека, како и да е, Грците не може да стапат во монетарна унија со Германија.
XS
SM
MD
LG