Достапни линкови

Тоталитаризам или космополитска прослава на 8 ми септември?


Прославата на 20 годишнината од осамостојувањето е нов повод за препукување меѓу двете најголеми македонски партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Опозициската СДСМ смета дека власта со централната манифестација организира прослава на тоталитаризмот и дека ја кориси за величење на проектот Скопје 2014, па СДСМ нема да присуствува на тој дел од прославата а ќе присуствуваат на како што велат на сите оние настани кои се логичен дел од прославата на еден ваков јубилеј . Генералниот секретар Андреј Петров изјави дека е политички цинизам намерата на власта да ја премести Декларацијата за независноста на државата од Собранието, во музејот на ВМРО, и додаде дека местото на тој документ е во Собранието, а по 50 години од неговото донесување треба да биде депониран во Архивот на Македонија, согласно постоечките законските прописи. Министертвото за култура возврати со писмена реакција во која се вели дека програмата за одбележување на јубилејот има космополитска димензија и мисија а тоа е обединување на сите граѓани без разлика на нивната политичка припадност, идеологија, вера и националност. Во продолжение е наведено дека чинот на поставувањето на Декларацијата во новиот Музеј на македонската борба за државност и самостојност има само една цел - на сите граѓани да им биде достапен документот кој е материјализација на делото кое токму граѓаните го направија, определувајќи се за самостојна и независна Република Македонијa.
XS
SM
MD
LG