Достапни линкови

Санадер: Ако имало провизија, оштетена е Австрија а не Хрватска


Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер денеска во својата одбрана изјави дека му е „целосно непријатно“ што го обвинуваат за штета која не и е нанесена на Хрватска. Тој додаде дека aко имало наводна провизија, тогаш таа провизија не ја платила Хрватска туку Австрија, што значи дека ако имало штета, таа е нанесена врз Австрија.Санадер смета дека дека неговиот случај е изваден од архивска прашина само за да го дискредитираат во јавноста. Санадер е обвинет за злоупотреба на службена должност и примање поткуп.
XS
SM
MD
LG