Достапни линкови

Басеску си ја повлече изјавата


Потпаролот на претседателот на Романија Трајан Басеску, Валери Туркан изјави денеска дека неодамнешниот предлог на Басеску, државата да продаде 200 тони злато за да се исплатат плати и пензии е „непрецизен“ и дека тој жали за коментарот. Басеску во понеделникот беше во посета на рударски град каде што го соопшти неговиот предлог како дел од поддршката за контроверзниот проект за ископување во регионот. Гувернерот на Народната банка на Романија подоцна негираше каква било продажба на резервите во злато во последниве две децении.
XS
SM
MD
LG