Достапни линкови

Невработените доцнат со пререгистрацијата


Речиси половина од граѓаните до крајниот рок, односно први септември не извршиле пререгистрација во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување.

Потпаролот на фондот Бранко Аџигогов информираше дека во Скопје пререгистрација извршиле 58 проценти од невработените, а одзивот е најслаб во Тетово со 35 проценти. Помалите подрачни служби како Берово, Валандово, Неготино, Демир Хисар, Ресен бележат пререгистрација од над 79 насто од невработените. Аџигогов вели дека тие
Треба исто како сите што извршија пререгистрација до сега, да донесат ист сет на документи во надлежните служби.
што не се пререгистрирале во моментов не се здравствено осигурани и ќе добијат сини картони кога ќе ги поднесат потребните документи.

„За да станат здравствено осигурани, треба исто како сите што извршија пререгистрација до сега, треба да донесат ист сет на документи во надлежните служби и да ја поминат истата процедура. Со тоа што ќе станат здравствени осигуреници нивното право ќе важи од моментот на пререгистрација, значи ако дојде некој околу 10 септември да се пререгистрира, значи ќе ја изврши пререгистрацијата, а сините картончиња ќе ги добие околу 20 септември.“



Според Аџигогов доколку станува збор за лица кои имаат итна потреба од хоспитализација, тогаш членовите од нивното семејство ќе можат во нивно име да извршат пререгистрација. Сите кои ќе извршат пререгистрација во наредните денови сините картони ќе ги добиваат по пошта.

„Благодарение на поштата и разбирањето за проектите договорена е соработка и на неделна база ние ги испорачуваме, а тие ги печатат и ги доставуваат на домашните адреси на осигурениците и со тоа сметаме дека нема да има некаков проблем за остварување на ова право.“
Ќе чекаш од сабајле од шест-седум часот, ќе те викнат навечер. Ужасно на ова пеколно сонце

Интересот за пререгистрација не стивнуваше до истекот на крајниот рок и граѓаните чекаа со саати да ги предадат документите.

„Ќе чекаш од сабајле од шест-седум часот, ќе те викнат навечер. Ужасно на ова пеколно сонце.“

„Ова е ужасна работа.“

Според Аџигогов се уште има голем интерес и подрачните едници на фондот и натаму ќе имаат продолжено работно време. Досега 212 лица пријавиле дека остваруваат приход над 132.000 денари.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG