Достапни линкови

Иванов утре ќе присуствува на Регионален самит во Белград


1

1

Претседателот Ѓорге Иванов утре ќе учествува на 9. Регионален самит на шефови на држави на Југоисточна Европа. Самитот годинава го организира Србија во соработка со УНЕСКО. Тема на самитот ќе биде „Современата уметност и помирувањето во Југоисточна Европа“ . Во соопштението од кабинетот на претседателот е наведено дека Иванов планира да одржи билатерална средба со неговиот колега-домаќин на самитот Борис Тадиќ. На самитот се поканети претседателите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Молдавија, Црна Гора, Словенија и Турција, како и генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова.
XS
SM
MD
LG