Достапни линкови

Безбедносните сили во Сирија убиваат и апсат демонстранти


Оклопно возило низ улиците на Хомс во Сирија

Оклопно возило низ улиците на Хомс во Сирија

Хјуман рајст воч соопшти дека најмалку едно лице загинало во Сирија при денешното навлегување на безбедносните сили во внатрешноста на градот Хомс. Во сооштението е наведено дека во градот се слушаат експлозии и пукотници. Безбедносните сили почнале акции на насилно задушување на масовните демонстрации во неколку градови во Сирија. Според податоците на организацијата десетици луѓе се уапсени, при рациите на безбедносните сили. Обединетите Нации тврдат дека во изминативе 5 месеци над 2200 луѓе загинале во демонстрациите против режимот на претседателот Башар Ал Асад.
XS
SM
MD
LG