Достапни линкови

logo-print

„Пријателите на Либија“ ќе разговараат за нејзината иднина


Светските лидери денеска ќе се состанат во Париз да разговараат за иднината на Либија. Со конференцијата ќе претседаваат францускиот претседател Никола Саркози и британскиот премиер Дејвид Камерун а најавено е присуство на делагации од 60 земји и меѓународни организации. Пред почетокот на средбата еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон изјави дека вечерашната конференција е можност за меѓународната заедница да ја исполни својата задача и да го поддржи либискиот народ во неговите амбиции за создавање на демократска земја. Неколку часа пред да почне состанокот Русија ја призна легитимноста на Националниот преоден совет. Бунтовниците тврдат дека го контролираат поголемиот дел од територијата и оти им се потребни пет милијарди долари з а воспоставување стабилна влада.
XS
SM
MD
LG