Достапни линкови

logo-print

Во Софија средба Попоски - Цачева


Macedonia- Foreign Minister Nikola Poposki

Macedonia- Foreign Minister Nikola Poposki

Со средбата со претседателката на бугарското Народно собраниие Цецка Цачева, претпладнево во Софија министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски го почна работниот дел од официјалнната посета на Бугарија.
Како што јави МИА, за попладне е закажана тет-а-тет средба со неговиот бугарски колега Николај Младенов по која двајцата министри треба да потпишат Меморандум за соработка во областа на европската и евроатлантската интеграција меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија.
Првата посета на Софија по назначувањето на новата функција македонскиот министер за надворешни работи ќе ја заврши со средбата со бугарскиот министер за култура Вежди Рашидов со кого заедно ќе ја отворат изложбата „Синестезија“ на современи македонски уметници.
XS
SM
MD
LG