Достапни линкови

Грчкиот долг излегува од контрола


Грчкиот долг излегува надвор од контрола и Владата не успева да ги зајакне финансиите, се наведува во извештајот на независната парламентарна експертска комисија.
Неисполнувањето на целите за намалување на дефицитот, заедно со длабоката рецесија, ги загрозува резултатите од новиот план за спасување, посочува Комисијата во извештајот објавен вчера.
Комисијата, формирана во 2010 година од независни експерти за контрола над буџетот, истакнува дека значителното зголемување на долгот, големиот дефицит и длаботака рецесија ја напрегаат до крајност динамиката на долгот, кој е надвор од контрола.
XS
SM
MD
LG