Достапни линкови

Рауф Денкташ во критична здравствена состојба


Rauf Denktash - the former leader of the Cyprus Turks

Rauf Denktash - the former leader of the Cyprus Turks

Првиот претседател на Северен Кипар, Рауф Денкташ се наоѓа во критична здравствената состојба.
Од болницата потврдија дека Денкташ е ставен на апарати за вештачко дишење.
Долгогодишниот претседател на Северен Кипар беше хоспитализиран на осми јули по делумната парализа, која настана од емболија на 24. мај.
Денкташ е основач и првиот претседател на Турската Република Северен Кипар, која е признаена само од Турција. Тој беше на власт до април 2005 година, кога беше избран неговиот наслединк Мохамед Али Талат.
XS
SM
MD
LG