Достапни линкови

Сириската влада се соочува со првите внатрешни неприлики


Syria

Syria

Владата на сирискиот Претседател Башар ал Асад можеби се соочува со првиот внатрешен удар по 5 месечното востание.
Имено, главниот обвинител во Хама, според видео постирано на Јутуб, дал оставка поради пресметките со про-демократските протести. Аднан Мохмад ал Бакоур, исто така, ги демантира извештаите на сириските медиуми дека бил киднапиран.
Тој изјави дека ја дал оставката затоа што безбедносните сили убиле 72 затворени протестанти пред воениот напад на градот на 1 Јули. Бакоур најави повеќе детали тогаш кога ќе излезе од Сирија.
XS
SM
MD
LG