Достапни линкови

Македонија изгуби од Црна Гора


Македонската кошаркарска репрезенација денеска изгуби од Црна Гора со резултат 70 спрема 65. Натреварот се одигра во рамките на првото коло од групата „Ц“ на Европското првенство кое се одржува во Литванија. Поладнево во Алитус македонските кошаркари загубија со резултат 70:65 по продолжението од пет минути, откако во предвидените 40 минути резултатот беше изедначен 61:61. Двете репрезентации се менуваа во водството во првите 20 минути, кои на крајот завршија со предност на Македонија од 30:25. Второто полувреме им припадна на Црногорците. Во дополнителните пет минути поради пет лични грешки не настапи Американецот со македонски пасош Лестер Бо Мекејлеб, кој постигна 17 поени. Вечерва во групата „Ц“ уште играат: Грција - Босна и Херцеговина и Хрватска - Финска.
XS
SM
MD
LG