Достапни линкови

Индиската „Мадерсон груп“ ќе гради фабрика во Македонија


Индиската компанија „Мадерсон груп“ денеска го официјализираше влезот на македонскиот пазар. Инвестиција треба да изнесува 12 милиони евра а најавени се и нови 140 вработувања. Предвидено е да се изградaт два производствени погона во кои ќе се произведуваат делови за ретровизори. Новите објекти треба да бидат готови за една година, односно до август следната година. Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на поставувањето камен-темелник, изјави дека новата инвестиција има двојно значење за Македонија бидејќи од една страна ќе обезбеди нови вработувања и можни натамошни инвестиции најавени од страна на инвеститорот, а од друга страна ќе биде одлична препорака за останатите компании од Индија како брзорастечка држава.
XS
SM
MD
LG