Достапни линкови

Либијците почнаа со прослави за падот на Гадафи


Илјадници Либијци се собраа денеска на плоштадот во Триполи да го одбележат вториот ден од празникот Рамазан Бајрам радувајќи се на падот на режимот на Моамер Гадафи, јавуваат новинските агенции. Либиските бунтовници тврдат дека го имаат под контрола поголемиот дел од земјата и дека на поддржувачите на Гадафи им дале рок од неколку дена да се предаат или ќе бидат мета на нивните напади во родното место на Гадафи, Сирте. Локацијата на Гадафи се уште не е позната, а неговото семејство побегна во Алжир. Потпаролот на НАТО Роланд Лавоие денеска изјави дека воздушните напади на алијансата сега се фокусирани на долж коридорот меѓу градовите Сирте и Бани Валид, јужно од Триполи.
XS
SM
MD
LG