Достапни линкови

Лукоил со рекордна заработувачка


Руската нафтена компанија Лукоил соопшти денеска дека заработката во вториот квартал годинава е зголемена за 67 проценти, односно на 3,2 милијарди долари, благодарение на поскапувањето на нафтата. Компанијата со седиште во Москва соопшти дека продажбата скокнала за 35 проценти достигнала 35 милијарди долари што е над сите очекувања на аналитичарите. Лукоил е втора најголема нафтена компнаија во Русија. Додека заработката и продажбата расте, производството на сурова нафта и понатаму паѓа, па во вториот квартал е за 5,6 отсто помалку произведено од истиот период минатата година.
XS
SM
MD
LG